Свет

Хегсет во посета на Јужна Кореја

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска ќе ја посети Јужна Кореја, каде ќе разговара за редефинирање на американските трупи во земјата

Хегсет во посета на Јужна Кореја

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска ќе ја посети Јужна Кореја, каде ќе разговара за редефинирање на американските трупи во земјата.

За утре е предвидено Хегсет да се сретне со јужнокорејскиот министер за одбрана Ан Гју-бек. Средбата ќе биде посветена на воениот сојуз помеѓу двете земји и одбраната на Јужна Кореја од нуклеарно вооружената Северна Кореја.

Исто така ќе се разговара и за соработката во регионалната безбедност и кибернетичката и ракетната одбрана.

САД имаат распоредено 28.500 американски војници во Јужна Кореја.

Предвидено е Хегсет да ја посети и демилитаризираната зона на границата со Северна Кореја.

To top