Музика Брз ритам и заразен звук

Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна: Слушнете ја „Адреналин“ (ВИДЕО)

-Заедничка беше идејата да снимиме дует после толку време. Песната се создаде на почетокот на оваа година. Како автори се јавуваме ние двајцата, Христијан Настески и Пајак и брат ми Иван Јованов. Првиот план беше таа да се промовира пред лето, но поради други околности ја оставивме за наесен, вели Јован.

Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна: Слушнете ја „Адреналин“ (ВИДЕО)

Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јован Јованов и Елвир Мекиќ, снимија нов дует, песната „Адреналин“.

Песната со брз ритам и заразен звук, освојува на прво слушање.

-Заедничка беше идејата да снимиме дует после толку време. Песната се создаде на почетокот на оваа година. Како автори се јавуваме ние двајцата, Христијан Настески и Пајак и брат ми Иван Јованов. Првиот план беше таа да се промовира пред лето, но поради други околности ја оставивме за наесен, вели Јован.

„Среќен сум и возбуден што после толку време имаме заеднички проект, што пуштивме нешто што личи на нас од минатото, а сепак со нов и модерен призвук. Со нетрпение ги чекам реакциите и се надевам дека песната ќе ѝ се допадне на публиката“, додава Елвир.

Песната беше промовирана заедно со музички спот, кој е снимен во Штип, а на кој работеше екипата на Урбан рекордс.

Најнови вести од Музика

To top