„Значи, само да разјасниме. Фрламе бомби ширум Блиски Исток, а нашиот министер за одбрана, кој е исчезнат пет дена, води војна од својот лаптоп во болничка соба“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „TruthSocial“.
Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, претходно денеска изјави дека САД не планираат да испратат дополнителни сили во регионот откако американските и британските сили започнаа напади против јеменските бунтовници Хути. Тој изјави дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој беше хоспитализиран на 1 јануари поради инфекција, бил „активно ангажиран во надгледувањето и насочувањето на овие напади“.
Јеменската милитантна група Хути претходно денеска објави дека пет нејзини борци се убиени, а шестмина се ранети во американско-британските напади врз нејзините позиции.