Фолк пејачот Дарко Лазиќ им ја покажа на своите следбеници на Инстаграм лузната на средината од главата што му останала како последица од страшната сообраќајна несреќа што ја доживеал пред повеќе од еден месец во Белград.
Имено, Дарко се враќал со сопругата Катарина од прослава во Белград и во таа прилика се судрил со градски автобус, но за среќа сите поминаа без да бидат тешко повредени.
Притоа Дарко добил исеченица на главата, а сега објави нова фотографија, на која јасно се гледа дека сè уште има лузна.
Тој се фотографирал со ќерка си Срна во семејниот дом, а јасно се гледа лузната и дел од избричената глава. Лузната покажува дека повредата не била баш наивна бидејќи сепак е на чувствително место, а цел месец по сообраќајката уште заздравува.