Поради санирање на дефект на улица „Миладин Поповиќ“ без вода денеска ќе бидат повеќе улици во Карпош, соопштуваат од ЈП Водовод и Канализација Скопје.
-Ве известуваме дека на ден 1.11.2025 година, поради санирање на дефект на огрлица на улица „Миладин Поповиќ“ бр.3 во општина Карпош, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски-Шпато“, „Андон Дуков“, ул.507, „Беджих Сметана“, „Крагуевачка“ и дел од улица „Орце Николов“ од 12:30 часот до завршување со активностите, стои во соопштението.