Хроника ЖАЛНА ВЕСТ

Почина Кире Ѓорѓиевски – осуден на 13 години затвор за „27-ми април“

Веста ја објавија пријатели и познаници на Ѓорѓиевски.

Почина Кире Ѓорѓиевски – осуден на 13 години затвор за „27-ми април“

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“. Тој беше осуден на 13 години затвор.

Веста ја објавија пријатели и познаници на Ѓорѓиевски.

„Почивај во Мир Кире! И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата, напиша Горан Ангелов во поршталната Фејсбук објава.

Почивај во Мир Кире !
И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата!
Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите ,уште колку додека ја чекаме правдата!!!

Posted by Горан Ангелов on Сабота, 1 ноември 2025

Кире Ѓорѓиевски доби 13 години затвор за претепување на Зијадин Села, дело кое го негираше. Ѓорѓиевски беше обвинет и осуден како човек кој што му ги задал најтешките удари на Села. Во 2017 година, кога издржуваше притвор, Ѓорѓиевски беше претепан од група затвореници. Иако се жалеше на казната од Кривичен, Апелација му ги потврди 13-те години робија.

Пред Ѓорѓиевски, во февруари годинава, почина Игор Југ на 54 годишна возраст.

To top