Скопје "На лагата и се кратки нозете"

Стефковски апелира Левица да престане со ширење на лажни вести

На Советниците во Советот на општина Гази Баба од Левица и новата година им тргна со лажни вести, а истите се изгубени во времето и во просторот и имаат целосно непознавање на Законите!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба.

Стефковски апелира Левица да престане со ширење на лажни вести

Откако еднаш Советниците на Левица се обидоа со пишување на лажни вести да ме обвинат за неизградба на трибина на фудбалското игралиште во Јурумлери, гледам денес повторно се обидуваат да манипулираат со граѓаните со ширење на лажни вести и на дело излегува нивната непрофесионалност и непознавање на Законите и Деловникот за работа на Советот на општина Гази Баба.

Иако објавата на Левица – Гази Баба е нејасна, односно во еден дел се зборува за ученици, а во друг дел за студенти сепак одлучив во интерес на вистината да им одговорам.

1. Жалам што после две години од мандатот, Советниците од Левица имаат целосно непознавање на Деловникот за работа. Согласно Деловникот за работа на Советот на општина Гази Баба, јас како градоначалник не сум тој што одбива или прифаќа поставување на дополнителна точка на дневен ред, тоа е во исклучителна надлежност на претседателот на Советот и членовите на Советот кои одлучуваат со гласање.

2. Бесплатен превоз за учениците од Гоце Делчев и Дрма е воведен и се реализира од првиот училишен ден, а додека за учениците од Идризово не се организира бесплатен правоз бидејќи не се исполнети законските услови од членот 73 од Законот за Основно образование во кој стои: “Ученикот има право на организиран или бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште.”

3. Советниците на Левица не дадоа поддршка ниту за изградба на ново училиште во Ченто, нови градинки во Трубарево и Инџиково, Културниот дом во Ченто, изградба на голем број локални улици, водоводни и канализациони системи, детски катчиња, спортски терени и голем број на други проекти.

Нашиот народ вели: “На лагата и се кратки нозете”!

Ги повикувам Советниците од Левица кои добиле мандат од граѓаните да престанат со ширење на лажни вести и да дадат свој придонес во брзиот развој на општина Гази Баба, пишува Стефковски во својата објава.

To top