Фудбалските клубови од Европа продолжуваат со подготовките за пролетниот дел од сезоната во нивните шампионати. Денеска во еден меч кој се играше четири пати по триесет минути Хајдук на нашиот Александар Трајковски славеше со 5-2 против МОЛ Фехервар на Никола Серафимов.
Серафимов го стартуваше мечот за својот тим и одигра шеесет минути, додека Трајковски влезе во вториот дел од натпреварот. Токму македонскиот напаѓач беше стрелец на четвртиот погодок за својот тим на овој меч. Трајковски отиде да изведе еден корнер за својот тим, а потоа во стилот на Артим Шаќири го матираше противничкиот голман.