Познати Поткаст

Јованов во „Ништо лично“: За музичката сцена, селењето во САД и Канада, разводот, премрежјата…

Во 2013-14 година, Јованов најпрвин се сели во САД, а потоа со неговото семејство ќе се преселат во Канада (Торонто) каде тој продолжува да работи на интернационална кариера. Во Канада и САД се усовршува како саунд-инженер (во Лос Анџелес) и отвора музичко студио во Торонто.

Јованов во „Ништо лично“: За музичката сцена, селењето во САД и Канада, разводот, премрежјата…

Роден е на 27 мај 1981 година во Скопје, Македонија. Од рана возраст покажа интерес за музика: запишува музичко образование, учи свирејќи пијано, гитара и ударни инструменти.

На 11-годишна возраст почнува да пишува текстови, и веќе на 12-13 години започнува со композиции. Во средношколските денови во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“ ја прави својата прва официјална песна, па како 14 годишник ја снима и издава песната „Фрлија цигарата“ со која за прв пат се појавува на телевизија во музичката емисија посветена на новите надежи насловена „Демовизија“ на МТВ.

Во 1997 година настапува на фестивалот Макфест како најмлад автор-изведувач во историјата на фестивалот.

По дебитантскиот настап на Макфест каде завршува како претпоследен, Јованов формира музичка група наречена „Магија“, која брзо станува популарна музичка атракција особено кај помладата популација во Македонија.

Веќе следната 1998 година групата „Магија“ го освојува првото место на Макфест со истоимениот хит „Магија“.

Во својот професионален живот создава над 500 композиции за себе и многу други помалку или повеќе познати имиња на македонската музичка сцена.

Работи како композитор и продуцент за многу артисти од Македонија и регионот, меѓу кои се: Тоше Проески (2004), Next Time (2009), Влатко Илиевски (2011), Некст Тајм и многу други.

Во 2008 година ја основа продукциската куќа и агенција Јованов Рекордс, преку која инвестира во кариера на млади артисти, ги продуцира и менаџира грижејќи се за нивната кариера.

Заедно со брат му Иван Јованов – Ивајо и други партнери ја основа и компанијата Нова Икс Идеа, која организира концерти и фестивали во Македонија.

Во 2013-14 година, Јованов најпрвин се сели во САД, а потоа со неговото семејство ќе се преселат во Канада (Торонто) каде тој продолжува да работи на интернационална кариера. Во Канада и САД се усовршува како саунд-инженер (во Лос Анџелес) и отвора музичко студио во Торонто.

Во 2023 година, по околу 14 години пауза како вокал, Јованов повторно пее и снима дует со млад артист Пајак (Христијан Настески) — ремикс на хитот „Магија“.

Последниве години продолжува да работи како продуцент и менаџер на музички проекти, меѓу кои е и фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип, каде како член на уметничкиот совет, заедно со уметничкиот директор и негов колега, композиторот и музичар Роберт Саздов успеваат да го „воскреснат“ фестивалот. И музички и содржински, и сценски, визуелно… давајќи му модерна и современа нота на звук и изглед, кои ги следат најсовремените музичко – сценски трендови.

Со сето ова несомнено тој е еден од значајните македонски композитори и продуценти кои ја обликуваа музичката сцена од крајот на 90-тите години наваму. Неговата работа како автор и продуцент за многу хитови придонесе за развој на поп и современата музика во Македонија.

За почетоците и кариерата, музичките влијанија, татко му Тоде од кого се започнува и брат ми Иван кој ја продолжува семејнатата музичка традиција, за премрежјата и можните местења на фестивалите, за Евровизија и музиката во Македонија, за македонската естрада и Макфест, за пријателите и душманите на естрадата, за животот во Канада и работата во и надвор од музиката, за пропаста на бракот и разводот со сопругата, за заедничкиот бизнис кој им цвета иако формално не се се заедно, за новата девојка, за наследничката и нејзините музички афинитети… И за уште многу помалку или сосема непознати работи меѓу две фестивалски вечери на Макфест 2025 во уште едно дислоцирано издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ вашиот водител Антонио Димитриевски домаќин му беше на познатиот македонски композитор, продуцент и пејач, Јован Јованов.

To top