Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 во неделата, а Винисиус беше најдобриот поединец во редовите на Реал заедно со Џуд Белингам и Килјан Мбапе и им предизвика многу проблеми на дефанзивците на Барселона.
Сепак, неговата мајсторија на теренот беше засенета од неговата реакција во 72-та минута кога тренерот Чаби Алонсо одлучи да го замени. Кога го виде четвртиот судија како ја крева таблата со неговиот број 7, и Родриго влезе во игра, Винисиус не го криеше своето разочарување.
„Сакам да им се извинам на сите навивачи на Реал Мадрид за мојата реакција на замената во Ел Класико. Како што веќе направив лично за време на денешниот тренинг, сакам повторно да им се извинам на моите соиграчи, клубот и претседателот.
Понекогаш ме понесува страста бидејќи секогаш сакам да победувам и да му помагам на мојот тим. Мојот натпреварувачки дух доаѓа од љубовта што ја чувствувам кон овој клуб и сè што тој претставува. Ветувам дека ќе продолжам да се борам секоја секунда за доброто на Реал Мадрид, како што правам од првиот ден“, напиша Винисиус на социјалната мрежа