Познати

Меган Маркл ги откри семејните ритуали дома со Хари и децата

Меган Маркл ги откри семејните ритуали дома со Хари и децата

Војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, откри непознати детали од семејниот живот со својот сопруг и нивните деца, Лилибет (4) и Арчи (6), за време на разговор во книжарницата „Кумки“ во Монтесито.

Таа истакна дека семејството секој ден го започнува со музика, која ја продолжуваат дури и кога патуваат, користејќи преносен звучник и миризливи свеќи за да го зачуваат чувството на дом, пишува Дејли Меил.

Го претстави и ритуалот „лековито ќебе“, кој го користат кога еден од членовите на семејството не се чувствува добро, како и „рози и трње“ – техника на разговор со децата за секојдневните искуства.

Маркл зборуваше и за нејзиното пријателство со Кортни Адамо, коосновачка на книжарницата, и се потсети на времето кога заедно патувале низ Америка.

Таа додаде дека таа и Адамо се запознале кога имале 17 години и дека научила многу од неа.

Војвотката ја нагласи важноста на заедницата и чувството на сигурност дома.

To top