На 26.10.2025 во 00:50 часот, во ОВР Струга од слобода е лишен Ц.В.(17) од струшкото село Ташмаруништа.
Тој, по претходна расправија со М.П.(24) од Вевчани на улицата „15 корпус“ во Струга, со нож го прободел М.П..
-Повредениот, со возило на Итната медицинска помош од Струга е пренесен во Општата болница во Струга, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.