Кошарка

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Зоран Петковски, поранешен кошаркар и тренер

Поранешниот македонски кошаркар и тренер, Зоран Петковски, почина на 47-годишна возраст.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Зоран Петковски, поранешен кошаркар и тренер

Поранешниот македонски кошаркар и тренер, Зоран Петковски, почина на 47-годишна возраст.

Петковски ги започна кошаркарските чекори во Битола и беше дел од младинската репрезентација на Македонија, во генерацијата предводена од Митко Луковски. Во својата играчка кариера настапуваше за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер и Радовиш.

Особено ќе биде запамтен по својот ангажман во КК Пелистер, со кој обезбеди промоција во Првата македонска кошаркарска лига. Подоцна, тој беше дел и од управата на тимот, оставајќи неизбришлив белег во клубот.

To top