Ракомет

Кил го продолжи договорот со Јиха до 2028

Кил го продолжи договорот со Јиха до 2028

Актуелниот освојувач на Германскиот Куп во ракомет  ТХВ Кил, ја официјализираше најважната одлука за својата блиска иднина.

Главниот тренер Филип Јиха и раководството на „Зебрите“ постигнаа договор за продолжување на соработката, со што договорот на чешкиот стратег е пролонгиран за уште две години, односно до летото 2028 година.

 

Оваа одлука претставува јасен сигнал дека клубот е целосно посветен на визијата за враќање на апсолутниот врв на европскиот ракомет преку континуитет и развој на младиот тим.

To top