СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(55) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На наплатна станица Желино, полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.