Фудбал

ФИФА склучи петгодишен договор со синдикат за заштита на работниците на СП

ФИФА склучи петгодишен договор со синдикат за заштита на работниците на  СП

ФИФА објави нови мерки за промовирање безбедни и човечки услови за работа на проектите поврзани со нејзините турнири, по потпишувањето на петгодишен договор за соработка со Меѓународната федерација на работници во градежништвото и шумарството (BWI)

Според договорот, синдикатот и ФИФА ќе спроведуваат заеднички инспекции на работни места, ќе организираат обуки за заштита при работа и ќе развијат план за корективни мерки со временска рамка, со цел да обезбедат заштита и обештетување за експлоатираните работници.

„Оваа соработка поставува рамка за заеднички инспекции, обуки и извештаи кои ќе гарантираат достоинствени и безбедни услови за сите работници ангажирани во изградбата и реновирањето на стадионите,“ соопшти ФИФА.

Генералниот секретар на BWI, Амбет Јусон, изјави дека новиот договор се темели на „години искуство и критичко партнерство“ и дека ќе создаде јасен процес за следење, спречување и санкционирање на злоупотребите.
Од ФИФА порачаа дека заштитата на работниците е клучен приоритет.

„Сакаме секој што работи на проект поврзан со нашите турнири да има фер плата, безбедна работна средина и социјална заштита,“ изјави генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром

To top