Македонија лондон

Муцунски: Ставивме акцент на економска, трговска соработка и можности за привлекување нови инвестиции

Истовремено, го потенциравме значењето на Берлинскиот процес за земјите од Западен Балкан и улогата на Обединетото Кралство како негов силен промотор и поддржувач, додаде во објавата Муцунски на својот фејсбук профил.

Муцунски: Ставивме акцент на економска, трговска соработка и можности за привлекување нови инвестиции

Попладнево во Лондон, заедно со претседателот на владата, Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани остваривме средба со домаќинот на годинешниот лидерски самит во рамки на Берлинскиот процес – британскиот премиер, Кир Стармер, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој надеде: „На средбата ги потврдивме и изразивме задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја важноста од нивното понатамошно зајакнување, со посебен акцент на економската и трговската соработка, како и на можностите за привлекување нови инвестиции“.

Истовремено, го потенциравме значењето на Берлинскиот процес за земјите од Западен Балкан и улогата на Обединетото Кралство како негов силен промотор и поддржувач, додаде во објавата Муцунски на својот фејсбук профил.

🇲🇰 🇬🇧 Попладнево во Лондон, заедно со претседателот на владата, Hristijan Mickoski и министерот за европски прашања,…

Posted by Timco Mucunski on Среда, 22 октомври 2025

To top