Македонија Лондон

Мицкоски и Герапетритис разговарале на маргините на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон

Од грчкото МНР соопштија дека главните теми на Самитот се „зајакнување на регионалната безбедност, справување со нелегалната миграција и промовирање на регионалниот економски развој“.

Мицкоски и Герапетритис разговарале на маргините на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон

На маргините на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се одржува во Лондон, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис имал неколку средби меѓу кои и со премиерот Христијан Мицкоски, како што преку Икс информираа од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција објавија фотографии на Герапетритис со премиерите на Македонија и Косово Христијан Мицкоски и Албин Курти, со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Амер Капетановиќ и со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Синирлиоглу.

Нашата земја на Самитот во Лондон учествува со владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, додека пак од Грција е министерот за надворешни работи, а од грчкото МНР соопштија дека главните теми на Самитот се „зајакнување на регионалната безбедност, справување со нелегалната миграција и промовирање на регионалниот економски развој“.

Премиерот Мицкоски и шефот на грчката дипломатија Герапетритис куса средба имаа и на маргините на ланскиот Самитот на Берлинскиот процес.

📍London

FM George Gerapetritis at the #BerlinProcess Summit for the #WesternBalkans

📷Greek FM with #NorthMacedonia PM…

Posted by Greek Ministry of Foreign Affairs | Η Ελλάδα στον Κόσμο on Среда, 22 октомври 2025

Најнови вести од Македонија

To top