Скопје

Стојкоски: Ѓорче го има шампионот Ернес Реџиќ

Стојкоски: Ѓорче го има шампионот Ернес Реџиќ

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денес го пречека европскиот шампион во Grappling, Ернес Реџиќ.

Реџиќ на Европското првенство во Милано, меѓу натпреварувачи од над 60 држави, ја претстави Македонија во најдобро светло и го освои златниот медал во категоријата до 120 кг!

-Ернес минатата година освои и бронза на Светското првенство во Hand to Hand Fighting во Бухара, Узбекистан, а во претстојниот период го очекуваат натпревари во MMA, K1, Kickboxing и Grappling во најсилните светски организации.  Овој млад борец е вистински пример за дисциплина, посветеност и љубов кон Македонија. Горди сме на неговиот успех – тоа е доказ дека и од Ѓорче и од Македонија се раѓаат вистински шампиони! Честитки Ернес, продолжи да победуваш и да нè правиш горди, објави Стојкоски.

To top