Доктор Билјана Кржеска, специјалист по гинекологија и акушертсво која беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Прилеп, објави дека вчерашната победа е историска.
Советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ има убедливо мнозинство од 17 советници во Советот на општина Прилеп, што претставува историско мнозинство.
-Од сѐ срце ви благодарам за огромната поддршка и доверба што ни ја укажавте! За прв пат во историјата, ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп освои 17 советници – победа што е резултат на вашата волја, трудот на нашиот тим и вербата во промените што ги посакуваме сите. Оваа историска победа не е само бројка – таа е завет. Завет дека ќе работиме чесно, одговорно и посветено.
Завет дека ќе бидеме ветар во грб на Градоначалникот Дејан Проданоски при реализирање на програмата што заеднички ја ветивме – програма за подобар, поразвиен и похуман Прилеп, истакна Кржеска.
Таа посочи дека Прилеп знае да го направи вистинскиот избор.
-Ви ветуваме дека ќе бидеме глас на народот и чувар на интересите на сите граѓани. Заедно покажавме дека Прилеп знае да го направи вистинскиот избор, дека Прилеп заслужува повеќе – и дека времето за работа започна, ЗА ПРИЛЕП КОЈ ГО САКАМЕ. Од срце ви благодарам и ви се поклонувам, посочи докторката.