Вести Нигерија

Во Нигерија приведени десетици демонстранти

Десетици луѓе се приведени на насилните демонстрации во главниот град на Нигерија, Абуџа, на кои се бараше ослободување на сепаратистичкиот лидер Намди Кану

Во Нигерија приведени десетици демонстранти

Десетици луѓе се приведени на насилните демонстрации во главниот град на Нигерија, Абуџа, на кои се бараше ослободување на сепаратистичкиот лидер Намди Кану.

Според новинарите и очевидци за време на судирите со демонстрантите полицијата употребила солзавец, водени топови, но се слушнале и истрели.

Кану е лидер на сепаратистичката група на домородното население на Бијафра, која бара независност за југоисточниот регион на Нигерија. Етничката група Игбо тврди дека е маргинализирана од нигериската влада.

Кану, кој има британско државјанство, е во притвор од 2015 година, кога првпат беше уапсен и обвинет за тероризам и предавство.

Нигериски суд неодамна нареди негово судење откако го отфрли неговото барање за ослободување врз основа на тоа што нигериската Влада нема докази против него.

Најнови вести од Вести

To top