Македонија старец од германија со лоши навики

70-годишен дедо фатен со марихуана на Табановце

70-годишен дедо фатен со марихуана на Табановце

Лишен од слобода германски државјанин на граничниот премин Табановце, во чие возило била пронајдена марихуана.Како што информираат од МВР, вчера (19.10.2025) во 12:31 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници гo лишиле од слобода 70-годишниот Р.Е.Р.Л. од Сојузна Република Германија.

При гранични проверки и контрола во возило „фиат” – кампер со германска национална ознака, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

To top