Фудбал

Аморим по триумфот: „Никогаш не сум бил погорд на овие момци по победата над Ливерпул

Аморим по триумфот: „Никогаш не сум бил погорд на овие момци по победата над Ливерпул

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не го криеше задоволството по големата победа над Ливерпул на „Енфилд“. Португалецот истакна дека ова е најголемиот успех на тимот под негово водство, не само по резултатот, туку и по начинот на кој Јунајтед го одигра натпреварот.

– Ова е најголемата победа откако го водам Јунајтед. Играчите покажаа карактер, дисциплина и верба дека можеме да победиме против секого, дури и на најтешките гостувања“, изјави Аморим по мечот.

„Црвените ѓаволи“ го совладаа Ливерпул со 2:1, во натпревар исполнет со емоции, интензитет и борба до последна секунда. Јунајтед поведе рано преку Мбеумо, а по израмнувањето на Гакпо, токму капитенот Хари Мегваер со удар со глава ја донесе победата на гостите во 81. минута.

Аморим го пофали целиот тим, но посебно ја истакна зрелоста на играчите во клучните моменти:

– Не е лесно да се победи на ‘Енфилд’. Ливерпул е фантастичен тим, но ние останавме смирени, игравме со срце и тактички зрело. Оваа победа треба да биде пример за тоа како сакаме да изгледа Манчестер Јунајтед.

Со оваа победа, Јунајтед ја продолжи серијата на добри резултати и се приближи до врвот на табелата, што дополнително ја враќа атмосферата и самодовербата во соблекувалната.

To top