На 10.01.2024 во 16.50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во близина на клучка Волково, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(32) од Скопје, удрило во металната ограда, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.