Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Мирен и демократски изборен ден, граѓаните со поддршка на вистинскиот избор

Продолжуваме посветено, чесно и со почит кон довербата дадена за вистинскиот избор, изјави Манасиевски.

Манасиевски: Мирен и демократски изборен ден, граѓаните со поддршка на вистинскиот избор

ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува за излезеноста и за искористувањето на демократското право за гласање на овие избори! Правото на избор е демократски загарантирано право, со кое секој од вас одлучува за својата иднина и за иднината на Македонија, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на информациите од ДИК излезеноста до 15ч е 31,33%! Благодариме на сите кои досега излеговте да гласате.

Денот поминува во фер, мирна и демократска атмосфера без никакви посериозни проблеми и очекуваме одличен резултат на локалните избори. Народот сака да одиме напред, а наша обврска е да ја оправдаме довербата која вие ни ја давате.

Ги повикуваме граѓаните до завршување на изборниот процес, масовно да го искористат своето право на глас, да излезат и да гласаат. Воедно, им се заблагодаруваме на сите граѓани кои што досега го искористија своето право за глас“, додаде Манасиевски.

Тој потенцира: „Да се заблагодариме и на сите оние коишто го водат овој изборен процес на едно високо ниво, без никакви проблеми, демократски и како што доликува на една држава кандидат за членство во ЕУ.

Продолжуваме посветено, чесно и со почит кон довербата дадена за вистинскиот избор“.

Во текот на следните часови очекувајте повторно да излеземе со нови информации токму тука од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, додаде во изјавата Манасиевски.

Најнови вести од Македонија

To top