Драма до последна секунда на натпреварот помеѓу Барселона против Жирона— каталонците победија со 2:1 благодарение на погодокот на Араухо во 90+3 минута, но ја изгубија можноста да го имаат тренерот Ханси Флик на клупата за големото „Ел Класико“ koe ќе се игра наредниот викенд.
Барселона поведе рано преку Педри во 13. минута, но Жирона израмни со погодок на Витсел и го одржа резултатот неизвесен до самиот крај. Кога изгледаше дека двата тима ќе поделат по бод, Араухо се појави како херој и со прецизен удар во судиското надополнување донесе триумф за каталонците.
Мечот доби дополнителна драма во самиот финиш — тренерот Ханси Флик доби црвен картон поради бурна реакција кон судијата и нема да биде на клупата на Барса за дербито против Реал Мадрид.
Со оваа победа, Барселона останува во трка за врвот во Ла Лига, но мора да го мине најголемиот испит — „Ел Класико“ без својот стратег на теренот.