За Битола што создава, што се движи, што победува, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Попладнево од Битола, заедно со градоначалникот Тони Коњановски, кандидатите за советници и младите, испративме силна порака за поддршка на понатамошниот развој на градот – развој што несомнено треба да продолжи со искусни, посветени и докажани луѓе. Битола денес е пример за град што напредува – со нова инфраструктура, реализирани проекти и јасна визија за иднината. Во недела, на 19 октомври, да го заокружиме бројот 9 и да дадеме поддршка за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за Тони Коњановски и советничката листа предводена од Филип Поповски. Битола заслужува стабилен развој, нови проекти и силна локална поддршка за владините политики што носат резултати – за град што создава, што се движи, што победува, истакна Муцунски.