Македонија

Костовски до оџата од Бутел 2: И Албанците се згрозени, денес требало да проповедаш за исламот, а не да кажуваш дека Албанците не треба да гласаат за мене затоа што сум Македонец

Костовски до оџата од Бутел 2: И Албанците се згрозени, денес требало да проповедаш за исламот, а не да кажуваш дека Албанците не треба да гласаат за мене затоа што сум Македонец

Сакам лично да го поздравам оџата од Џамијата во Бутел 2. Да му кажам јавно неколку реченици. Оџа на денешната петочна Џума требало да проповедаш тоа што го учи исламот како вера, а не да кажуваш дека Албанците не треба да гласаат за Дарко Костовски затоа што е Македонец. Па најдобро било да гласаат за ДУИ. (Тие што шајка немаат ставено во Бутел.), објави на Фејсбук актуелниот и кандидат за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски.

Тој го прашува оџата што е тоа што му пречи.

-Тоа што во Бутел 2 се гради нова градинка за нашите деца ? Тоа што во училиштето Панајот Гиновски Бутел 2, се направи нова фасада ? Тоа што Љуботен после 30 години добива чиста вода ? Тоа што Визбегово доби ново училиште ? Тоа што во Скопје Север се вложуваат повеќе од еден милион евра ? Тоа што пред нова година ќе удриме камен темелник на нова поликлиника? И за крај, дали и јас по твојот памет требаше да не градам кај Албанците само затоа што се Албанци? Еден куп Албанци ми се јавија згрозени од твојот денешен повик. Да знаеш дека во недела, целиот народ меѓу кои и Албанци, многу жестоко ќе го поразат ова ваше мизерно однесување, пишува Костовски кој нагласува дека народот сака развој и проекти, сака иднина за нивните деца.

To top