Македонија Колумни предизвикот наречен обнова на македонија

Лошите политичари ги избираат добрите луѓе кои седат дома на избори

Ајде, да им зададеме уште еден силен удар на одродите и битангите кои се на добар пат кон историското буниште, не е време за опуштање, не’ чека уште мнооооогу работа. Да бидеме активни учесници во обновата на сопствената земја, на Македонија, вечна, да, но да направиме нешто за да биде таква. Па и да им раскажуваме и на внуците за моментот кога се „боревме“ со ПОЛАМЕТАРСКОТО гласачко ливче 🙂 

Дури и времето е на наша страна, сабота ќе истура, значи нема поента ајваните да одат во Грција. Не се исплати за еден ден, а тој ден е недела, кога времето се оправа, за избори, Божја работа…

Лошите политичари ги избираат добрите луѓе кои седат дома на избори

И векови потоа, мислата на маестралниот писател и општествен критичар Семјуел Л. Клеменс алијас Марк Твен е толку пластична, опиплива и жално вистинита. Подобар доказ од Македонците, тешко дека ќе најдете. Да, дефинитивно, ЛОШИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ГИ ИЗБИРААТ ДОБРИТЕ ЛУЃЕ КОИ ОСТАНУВААТ ДОМА НА ИЗБОРИ. Емпириски докажано во експериментот „Македонија“…

И не, не само дома, стана тренд  на избори да се „тркне“ до Грција, кафаните се преполни, излетничките места крцкаат. Разбира се, Македончето не дозволува слободен ден да мине така бадијала, та во најмала рака ќе закоси, ќе залее некоја чашка, ќе фрли некое мевце на скарата. Ако има останато некој денар, де, ако неќе тера „на суво“. Нека пукнат душманите…

И сето тоа би било во ред, слободна земја сме, или пак цикличен хибриден режим некој станавме, не е битно. Битно е што од Референдумот навака, една група лути и бесни Македонци си го сфатија бојкотот како константа, како обврска, како средство за покажување непокор, инает. Се изнаслушавме и изначитавме: „Не гласам! ММЕ! И точка! Они мене, ајт таму! Ја мој глас не давам за оваа вукојебина! Нека се обесат ама за северна не излегувам, никад! Никогаш Северна, секогаш Македонија!“

Ах, а не разбират или не сакаат да разберат дека по по таа инаетџиска логика на Македонецот, уште малку и на чело ќе ни го тетовират тоа на „С“, дека мина времето за бојкот и практикување граѓанска непослушност. Време е за акција, можеби и крајно. Секои избори со ваква бојкот и мрчаторска тенденција само ни го намалуваат просторот за враќање не Македонија каква што ја знаеме. Времето не се враќа назад, а сега не врви баш во наша полза. Да бидеме фер, не требаше да го практикуваме бојкотот ни за Референдумот за името, да не се лажеме. Со такви потпушувачки и октроирани кондоми поставени само за таа цел, требаше да кажеме НЕ! Ја знаете поговорката за говнарот и шипката. Требаше, нужно беше едно јасно и гласно, не со запирки, не со „пола уста“, во наводници или меѓу редови. Вистинско, горопадно, громогласно НЕ! Тогаш, ја утнавме, да не се гордееме со Пирова победа и битка која тогаш ја изгубивме. Да, ок, новите времиња носат друга битка и аргумент дека бојкотот беше НЕ! за идно поништување на глупандерското северџганистанско злодејание и капитулантска преспанска капитулација , но тоа е друга тема…

Луѓе, ни „легна“ муабетот дека сме пиреј и дека сме неуништливи, та така седејќи по дома и штракајќи по компутери или јадејќи бубрези по кооперации и биртии ќе ја оправаме Македонија. Забораваме ли дека новото време носи и нови анти-пиреј пестициди, дека не снемува полека, ајде да престанеме да се крстиме во пирејот и да направме нешто околу опстанокот. Да не се лажеме, пирејот е инванзивна билка која за градинарите е „на Господ белјата“, не затоа што лежи и чека да ја сотреш, туку се бори како луда, освојува терен, ќе ја најдеш среде два камена, во бетон израсната, дерман нема од неа. Пирејот е борец. А борбата значи акција…

Имаме/имате шанса да докажеме дека стравот е завршен, дека никој не им се плаши на Котињата, со едно заокружување да им ја заокружите и судбината и иднината во опозиција и други државни институции со високи ѕидини.

Нашиот, вонвременски и мега-маестрален  Горан Стефановски напиша: „Знам дека ме има, според нападите со кои работат да ме снема. Знам дека сум, според упорноста со која се трудат да не сум.“

Ајде, да не им го правиме ќеифот на тендерашите, та утре и за 14 дена со многу гордост, конечно и за промена свои на своето со полни гради и со полно право да викнеме: МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Да, тажна вистина е дека ние и кога би се вратиле 40 години назад, би отишле 50 години напред. Да го промениме фактот на грдото скојдневие кое вели дека пола Македонци отидоа да живеат во туѓа држава, а другата половина останаa да живеат како во туѓа држава…

Љупчо Цветановски, 22 АПРИЛ 2024-ТА ГОДИНА

 

П.С.

Колумната е објавена пред првиот круг на претседателските избори 2024-та, односно две недели пред огромната победа за Македонија на 8-ми МАЈ истото лето Господово. Условите се поинакви, но потребата од останување на вистинскиот пат останува насушна за Македонија и Македонците.

Разликата со „тогаш“ е што работите се менуваат и одат во македонска насока, што не се срамиме од нашите политичари кога држат прес-конференции со ЕУ челници, го нема и резилот на Стево Љубави, црпнатиот Заев, сервилниот Таче и бедно арогантниот суртук Груби.  Разликата е што нашите челници не го верглаат како улави она на „С“, а и СДС сфати, па се „помакедончија“ како слонови во пижами, аферим. Разликата е што сме четврта економија по подем во Европа, што во јавните фирми се зема редовна плата, што Македонија се гради како никогаш до сега. Многу предуслови, за да си ги задржиме нашите деца дома, аман…

Разликата е што за оваа година и половина јасно ко ден увидовме дека „и те како“ има разлика меѓу оваа и претходните влади на тендер/криминогената коалиција на СДС/ДУИ, не биле сите исти, никако…

Една слика, милион зборови. Две Влади, четири милиони разлики.

Големата излезност и поддршката на враќањето на своето, на Македонија, ќе значи уште поголем ветер во едра за актуелната, реформска и МАКЕДОНСКА влада, поддршка на политиките, но и за претстојната, како леб потребна  перестројка во судството и обвинителството, рак рана на македонското општество. Ајде, да помогнеме оние 100-на аргументирани и скоцкани од МВР случаи да престанат да фаќаат прав во обвинителските фиоки, да го видат светлото на денот, а стотици криминалци од СДС/ДУИ бандата кои не пелешеа СЕДУМ години да го изгубат истото тоа светло.

Ајде, да им зададеме уште еден силен удар на одродите и битангите кои се на добар пат кон историското буниште, не е време за опуштање, не’ чека уште мнооооогу работа. Да бидеме активни учесници во обновата на сопствената земја, на Македонија, вечна, да, но да направиме нешто за да биде таква. Па и да им раскажуваме и на внуците за моментот кога се „боревме“ со ПОЛАМЕТАРСКОТО гласачко ливче 🙂 за кое ДИК требаше/мораше да направи еден „туторијал“ како да се свитка на youtube.

Дури и времето е на наша страна, сабота ќе истура, значи нема поента ајваните да одат во Грција, таксират.

Не се исплати за еден ден, а тој ден е недела, кога времето се оправа, за избори, Божја работа…

Со Господ напред, аирлија!

 

To top