Македонија Армиски полигон криволак

Реализација на вежбата ,,JUNCTION CITY 2025”

Во период од 06 до 28 октомври 2025 година, на АП Криволак, се реализира вежбата ,,Junction City 2025”, во организација на 173-та воздухопловна бригада на Армијата на САД, а со поддршка од Армијата на Република Македонија.

Реализација на вежбата ,,JUNCTION CITY 2025”

Во период од 06 до 28 октомври 2025 година, на АП Криволак, се реализира вежбата ,,Junction City 2025”, во организација на 173-та воздухопловна бригада на Армијата на САД, а со поддршка од Армијата на Република Македонија.

Во текот на реализацијата на вежбата од страна на припадниците на Армијата се обезбедува логистичка поддршка како и користење на АП Криволак – најголемиот и најсовремениот армиски полигон во регионот, кој обезбедува услови за реализација на комплексни вежбовни активности во реални услови. Преку оваа заедничка активност се унапредува соработка помеѓу Армијата на Република Македонија и Армијата на САД, а со цел зајакнување на меѓусебната доверба, разбирање и интероперабилноста во рамките на Алијансата.

173-та воздухопловна бригада претставува контингентна сила за брз одговор на Армијата на САД во Европа, распоредена во Италија и Германија, подготвена да изврши распоредување и дејствување во краток рок на сојузничките операции. Преку вежбовните активности ќе се зајакне подготвеноста и огнената моќ на падобранските и артилериските единици преку повеќе видови на активности во реални услови и сценарија. Припадниците на 173-та воздухопловна бригада ги усовршуваат тактиките на координиран оган, интеграција на нови беспилотни системи и извршување на командно-контролни процедури во динамична и комплексна средина.

Вежбата ,,Junction City 2025” придонесува за унапредување на оперативната готовност и заедничката обука на сојузничките сили со цел зголемување на стабилноста, безбедноста и соработката во регионот.

To top