Македонија нова „статива“. оваа „екипа“, не е створена за автоголови...

АНАЛИЗА: Уставните измени за Лајен станаа „топка“, која владата одамна ја шутна кон дворот на Брисел. Се вика ГАРАНЦИИ…

Интересно е што уставните измени и неаргументираниот влез на Бугарите во уставот како некаков си „државотворен“ народ, акт кој е најсубверзивната авантура од владеењето нa Ковачевски (читај Заев), Лајен ги спореди симболички со „топка во нашиот двор“. Уште поинтересно и појасно е дека таа „топка“ екипата/тимот на Мицкоски уште пред изборите во 2024-та ја „шутна“ во дворот на Брисел, барајќи гаранции за уставните измени, чин без кој операцијата е неизводлива. Многумина прогнозираа дека нема да опстојат, исто како и за ДУИ во опозиција, но владата стоички не отстапи ниту педа од кажанот, веќе година и половина. Така што пораката до Лајен е едноставна, не, топката не е во нашиот, туку во вашиот двор. Топката се вика ГАРАНЦИИ, без тоа не бива, на страна што Украина ќе ја внесете без пола територија, а нас не можете без Бугари во устав?! Премногу двојни аршини и хипокризија. Топката е во вашиот „двор“, а нашиот, тој  засилено и орно се чисти од 8 мај 2024-та навака, од корупција, антимакедонизам, криминал, предавства, субмисивност, лицемерие и сервилност. И пак статива. Оваа екипа, не е створена за автоголови.. 

АНАЛИЗА: Уставните измени за Лајен станаа „топка“, која владата одамна ја шутна кон дворот на Брисел. Се вика ГАРАНЦИИ…

Откако вчерта замина од Македoнија без изјави, затоа што веројатно знаеше каков одговор ќе добие од премиерот Христијан Мицкоски на говорница, денеска Фон Дер Лајен направи уште еден јалов обид пред избори, да ни каже дека не отстапуваат од она што Ковачевски и Османи го прифатија на заминување од власта. Сега и со спортски/фудбалерски речник и симболики.

И повторно, без никаков збор за какви и да е гаранции, туку со декларативни уверувања дека ова демек ќе бил последниот услов (читај аздис) на Бугарија. А самите бугарски функционери десетици пати кажаа дека нема да биде така.

„Целосно стоиме зад Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена“.

Вака напиша на социјалната мрежа Икс  претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски, не заборавајќи да го пушти и „морковот“, т.е. компензацијата за дводецениската незаинтересираност за Македонија, сега пласирана како План за раст, но не заборави да ја повтори најавата дека во Скопје се отвора фабрика за вештачка интелигенција, дека Македонија се вклучува во Единствената платежна зона на Европа, како и дека Македонија од ЕУ добива 16 милиони евра, благодарение на направените реформи.

„Во меѓувреме, ја приближуваме вашата земја до нас. За тоа се работи во Планот за раст! Отвораме антена за фабрика за вештачка интелигенција во Скопје. Ве вклучуваме во Единствената платежна зона на Европа. И исплаќаме 16 милиони евра благодарение на реформите што ги направивте“.

Ден пред средбата, премеирот Мицкоски изјави: – Очекувам да ги реафирмираме позициите дека нашата стратешка цел останува полноправно членство во рамки на ЕУ. Некако изминативе 25 години како полека да го изгубивме образот, чекорејќи по тој пат, како малку да остана од тоа достоинство и од тој образ чекорејќи кон тој пат. Се надевам дека ќе има испорака и од страна на ЕУ, за барем малку да го зачуваме образот пред да влеземе, затоа што со изгубен образ и доистинство ниту на нив нема да им вршиме работа, а оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството и образот, порача Мицкоски.

Во врска со најавите на Фон дер Лајен за отворање на центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија, Мицкоски појасни дека тоа е проект, кој го туркала Владата, односно Министерството за дигитална трансформација.

Интересно е што уставните измени и неаргументираниот влез на Бугарите во уставот како некаков си „државотворен“ народ, акт кој е најсубверзивната авантура од владеењето на Ковачевски (читај Заев), Лајен ги спореди симболички со „топка во нашиот двор“. Уште поинтересно и појасно е дека таа „топка“ екипата/тимот на Мицкоски уште пред изборите во 2024-та ја „шутна“ во дворот на Брисел, барајќи гаранции за уставните измени, чин без кој операцијата е неизводлива. Многумина прогнозираа дека нема да опстојат, исто како и за ДУИ во опозиција, но владата стоички не отстапи ниту педа од кажаното, веќе година и половина. Така што пораката до Лајен е едноставна, не, топката не е во нашиот, туку во вашиот двор. Топката се вика ГАРАНЦИИ, без тоа не бива, на страна што Украина ќе ја внесете без пола територија, а нас не можете без Бугари во устав?! Премногу двојни аршини и хипокризија. Топката е во вашиот „двор“, а нашиот, тој  засилено и орно се чисти од 8 мај 2024-та навака, од корупција, антимакедонизам, криминал, предавства, субмисивност, лицемерие и сервилност. Оваа екипа, коај сега е на власт, не е створена за автоголови..

 

To top