Во времиња на политичка неизвесност и економски предизвици на светско ниво, изборот на локално ниво станува клучен показател за зрелоста на една демократија. Овие локални избори не се само бројки, туку одраз на надежта и очекувањата на граѓаните. Тие се повеќе од избор на градоначалници и советници, бидејќи се огледало на довербата на граѓаните во политичките идеи и мерило за тоа во кој правец се движи нашата држава. Денес, кога ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија на централно ниво, особено е важно таа сила да добие поддршка и на локално ниво, за граѓаните да го препознаат напредокот и визијата на партијата и таа енергија да продолжи во секоја општина. Новите градинки, училишта, паркови и игралишта покажуваат дека локалната власт може и знае да одговори на реалните потреби на граѓаните.
Локалните избори се и избор за иднината. Слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ ја истакнува личната поврзаност и визијата за локалниот развој, што ВМРО-ДПМНЕ ја потврдува со својата досегашна работа. Кога централната и локалната власт работат усогласено, проектите се реализираат побрзо, инфраструктурата напредува, а услугите до граѓаните стануваат поефикасни. Новите патишта, дигитални услуги и модерни јавни простори го олеснуваат секојдневието и ја приближуваат администрацијата до граѓаните.
Мандатот од четири години е доволно време за конкретни резултати, но и за долгорочни проекти. Продолжувањето на довербата во оние кои покажале способност овозможува тие резултати да станат уште поголеми. Стабилноста и предвидливоста на локалната власт ја поттикнуваат економијата, создаваат нови работни места и ги мотивираат младите да останат во своите заедници. Локалната самоуправа не треба да биде само бирократија, таа треба да решава реални проблеми и да го подобрува секојдневниот живот на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е поучен од минатите искуства и на овие избори настапува со сериозни кандидати. Продолжувањето на мандатот и довербата во способни луѓе овозможува уште поголеми резултати и спречување на ситуации како досега, кога доаѓањето на камионот за собирање смет стана најголемата неделна радост за граѓаните на Скопје. Со ВМРО-ДПМНЕ, локалната самоуправа ќе биде организирана, ефективна и насочена кон решавање реални потреби, за секојдневниот живот да стане полесен, поуреден и подобар.
Овие локални избори, покрај избор за нови градоначалници и совети, претставуваат и шанса за избор на визија, иднина и стабилност, за подобра урбанистичка и економска политика, вложување во образование, култура и спортот, за здрава животна средина, односно за локална самоуправа насочена кон реалните потреби на граѓаните.
Денес, повеќе од кога било, потребно ни е лидерство кое не води сметка само за бројките и изборите, туку и за човекот – за неговото секојдневие, потреби и иднина. Време е граѓаните да направат избор што нема да биде воден од партиски емоции или политички конфликти, туку од реалните резултати што ги гледаат секој ден пред своите очи.
ВМРО-ДПМНЕ го нуди токму тоа: континуитет во развојот, стабилност во управувањето и визија подолга од еден мандат.
Овие избори не треба да бидат како речиси сите досегашни, гласање против некого. Тие не треба да се сведат на борба против другите политички опции, затоа што тие не се непријатели, туку конкуренти во едно демократско натпреварување. Важно е да се гласа за резултатите и визијата што секој ги нуди. Вистинската сила на демократијата е во различностите, а граѓаните со својот глас одлучуваат кому најмногу му веруваат. Довербата треба да се гради на овнова на стаботеното и делата, развој и иднина, а не на поделби, конфликти и етикетирања.
Ова не е избор против некого, туку избор за нешто: за поинаква иднина, за локална власт која создава, а не само ветува. Време е да се избере со разум и надеж за иднината што сите ја заслужуваме. Во недела, на 19 октомври, не гласаме само за имиња и политички партии, туку гласаме за нов пристап и вредности. Затоа е потребно да избереме одговорност, стабилност и развој што го нуди ВМРО-ДПМНЕ.
16.10.2025 Проф д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ