Фудбал

Македонија падна за две места на ФИФА ранг листата

Македонија падна за две места на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија по ноемвриските натпревари забележа благ пад на најновата ФИФА-листа, откако и официјално комплетирани се сите квалификациски мечеви во зоните и пријателските мечеви ширум светот.

Нашиот национален тим падна за две места и сега се наоѓа на 65-тата позиција. Во октомври, Македонија ремизира со Белгија (0-0) и со Казахстан (1-1), за тоа доби само 2,11 бодови на листата, но останатите добија многу повеќе.

Причината за падот е напредокот на Албанија која скокна за четири места заради победата над Србија.

На врвот на светската листа е Шпанија а имаме нов второпласиран тим тоа е Аргентина На третото место падна Франција.

Најдобрата десетка ја комплетираат Англија ,Португалија , Бразил , Холандија  Белгија, како и Италија и Германија кои скокнаа позиции погоре.

To top