Република политички иницијативи

Албанија: Опозицијата побара негово отповикување, Бегај со реакција дека тврдењата не се вистинити

Барањето се заснова на обемен материјал што документира 7 важни непочитувања на Уставот, кои според опозицијата сериозно го нарушуваат уставниот поредок и поради тоа тој не може повеќе да биде претседател, изјави Барди.

Албанија: Опозицијата побара негово отповикување, Бегај со реакција дека тврдењата не се вистинити

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, реагираше во врска со покренување постапка од страна на опозициската Демократска партија за негово разрешување.

Во соопштението до медиумите се наведува дека Бегај не коментира политички иницијативи и се додава дека постапката за негово разрешување е уставен инструмент на Парламентот.

„Претседателот на Републиката не ги коментира политичките иницијативи на која било партија, бидејќи такво нешто не е во согласност со неутралноста на високата уставна функција. Тој избрал да го обавува претседателскиот мандат, не под влијание и или какви било околности и напади за политички интереси или од измислување невистини, стои во соопштението од кабинетот на Бегај.

Се додава дека пратеничката група на Демократската партија денеска, по „сопствена иницијатива, објави наводи за факти кои не се вистинити, кои Бегај очекува Парламентот да ги истражи“.

Информирајќи дека до Парламентот доставиле барање за разрешување на Бегај, координаторот на пратеничката група, Газмент Барди, рече дека тоа го прават поради „сериозни и континуирани кршења на Уставот“.

– Барањето се заснова на обемен материјал што документира 7 важни непочитувања на Уставот, кои според опозицијата сериозно го нарушуваат уставниот поредок и поради тоа тој не може повеќе да биде претседател, изјави Барди.

Коментурајќи го ова прашање, координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, категорично се спротивстави на оваа иницијатива, сметајќи ја за „неуспешен обид за отстранување на претседателот од функцијата“.

Според Вака „претседателот Бегај не сторил никаков прекршок и барањето за разрешување ќе биде одбиено од Парламентот“.

To top