Министерот за одбрана на Шведска, Пол Јенсон, пред денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, изјави дека Стокхолм е подготвен да даде нов придонес во програмата „Приоритетна воена листа“ (ПУРЛ) за Украина и ги повика другите земји да продолжат да ја зголемуваат својата поддршка за Киев.
Забележавме погрешна траекторија кога станува збор за поддршката за Украина. Таа се намалува. Сакаме да видиме повеќе земји како ја зголемуваат својата финансиска поддршка и донации за воена помош за Украина, наведе Јенсон.
Во меѓувреме, естонскиот министер за одбрана, Хано Певкур, изјави дека неговата земја се приклучила на четвртиот пакет помош од ПУРЛ и оти наскоро ќе биде финализиран, можеби уште денеска.
Придонесот на Естонија ќе биде во вредност од 12 милиони долари, посочи Певкур.