Хроника СВР Охрид

Охриѓанец лажно пријавил дека бил физички нападнат

По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај него констатирале 1,51 промили алкохол во крвта.

Охриѓанец лажно пријавил дека бил физички нападнат

На 15.10.2025 во 01:20 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Р.Н.(53) од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување и лажно пријавил дека бил физички нападнат.

По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај него констатирале 1,51 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top