Македонија

Прво огласување на Систина по смртта на Панчо: Се боревме заедно 213 денови…

Прво огласување на Систина по смртта на Панчо: Се боревме заедно 213 денови…

Приватната болница „Систина“ каде Владимир Блажев – Панчо од ДНК се лекуваше изминативе 7 месеци по трагедијата во „Пулс“ во Кочани, се огласи на социјалните мрежи.

-Почивај во мир, драг наш Панчо…
Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета…
Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја…
Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе …Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме…, напишаа од Систина.

Најнови вести од Македонија

To top