Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Цветановска: Стевчо ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, ќе повика ли Маја Мојсова во втор круг да се гласа за него?

Маја Мојсова игра улога која на овие избори и ја даде Венко Филипче и Зоран Заев, на неа е да избере дали до крај ќе биде послушник на мафијата и ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за нова и продолжена бетонизација на Карпош, изјави Благица Цветановска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

Цветановска: Стевчо ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, ќе повика ли Маја Мојсова во втор круг да се гласа за него?

Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, ќе повика ли Маја Мојсова во втор круг да се гласа за него? Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, нема нови зелени површини, нема нови паркинг места, нема нови содржини, изјави Благица Цветановска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Карпош 3, во Лептокарија вети подземен паркинг со фонтана и шеталиште над паркингот. Инвестиција која ја најавуваше како најголема и најважна во неговиот мандат. Од тоа има само едно големо ништо.

И во Карпош 3 и во Карпош 4 зелените површини ги уништи, а нови не направи.

Стевчо Јакимовски го бетонизираше Карпош 3 и Карпош 4, а вети нов парк, детско игралиште, нов скејт-парк и центар за старт-ап фирми“, додаде во изјавата.

Маја Мојсова, која од СДС е поставена како статист на овие избори треба да служи само како мост за префрлање на гласовите на карпошани во вториот круг на контото на Стевчо Јакимовски. Истиот оној Стевчо Јакимовски кој го уништи Карпош 3 и Карпош 4, потенцира Цветановска.

Маја Мојсова игра улога која на овие избори и ја даде Венко Филипче и Зоран Заев, на неа е да избере дали до крај ќе биде послушник на мафијата и ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за нова и продолжена бетонизација на Карпош, изјави Благица Цветановска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top