Македонија локални избори 2025

Трајчевски: Со поголема дигитализација на локалната самоуправа во Пробиштип до побрзи и поедноставени услуги за граѓаните

Дигиталната архива ќе овозможи сигурно и трајно чување на сите општински документи со брз пристап до стари решенија, дозволи и планови, додаде Трајчевски.

Трајчевски: Со поголема дигитализација на локалната самоуправа во Пробиштип до побрзи и поедноставени услуги за граѓаните

Пробиштип влегува во дигиталната ера. Ќе извршиме комплетна дигитализација на услугите во општина Пробиштип и создавање на дигитална архива за сите документи и постапки, изјави на Јордан Трајчевски, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ

Со ова граѓаните ќе можат многу полесно и побрзо да ги завршуваат своите административни обврски, од дома без чекање на шалтер. Дигиталната архива ќе овозможи сигурно и трајно чување на сите општински документи со брз пристап до стари решенија, дозволи и планови, додаде Трајчевски.

Трајчевски потенцира дека тоа значи повеќе транспарентност, поголема ефикасност и помалку хартија и трошоци.

„Со овој проект општината ќе добие помодерна и поефикасна администрација, поголема доверба од граѓаните и нови можности за поврзување со државните и меѓународните е-сервиси.

За тебе. За твоето место. За твојата иднина, изјави Трајчевски.

Најнови вести од Македонија

To top