Македонија модернизација на истражните постапки

Јанев: И’ служиме на државата и на граѓаните, не на лични интереси – Секој што ќе го напушти тој пат ќе се соочи со законот

Јанев истакна дека оваа алатка претставува значаен чекор напред во модернизацијата на истражните постапки, подигање на стандардите во водењето истраги и унапредување на соработката меѓу институциите.

Јанев: И’ служиме на државата и на граѓаните, не на лични интереси – Секој што ќе го напушти тој пат ќе се соочи со законот

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денес учествуваше на трибината „E-evidence со Relevance Blueprint“, организирана од Бирото за јавна безбедност, каде беше презентиран концептот BLUEPRINT – интелигентен систем кој овозможува систематска анализа и идентификација на релевантни докази, поврзувајќи ги полицијата, обвинителството и судството во единствен дигитален екосистем за поефикасна и потранспарентна правда.

Јанев истакна дека оваа алатка претставува значаен чекор напред во модернизацијата на истражните постапки, подигање на стандардите во водењето истраги и унапредување на соработката меѓу институциите.

Системот овозможува собирање, рангирање и логичко структурирање на доказите во сите фази на постапката – од истрага до судење – со што се придонесува кон зголемена транспарентност, точност и ефикасност, особено во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Заедно со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, беше потврдена заедничката подготвеност на институциите за поддршка и имплементација на вакви современи решенија кои ќе го зајакнат владеењето на правото и довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Во рамки на денешните активности, директорот Јанев изврши и работна посета на СВР Куманово, каде со раководството на Секторот разговараше за тековната безбедносна состојба, активностите на полицијата во расчистување на неодамнешниот случај на пукање во Куманово, како и за подготовките и професионалното постапување на полициските службеници во пресрет и за време на изборниот процес.

-Полицијата е еден од клучните столбови на државата и гарант на безбедноста и демократијата. Нема и нема да има толеранција за насилство, поткуп или било какви незаконски дејствија. Полицијата мора да биде служба што го спроведува законот, а не лична волја, порача Јанев, нагласувајќи дека секој полициски службеник мора да постапува исклучиво по закон, со чест и интегритет.

-Ние сме овде да ѝ служиме на државата и на граѓаните, не на лични интереси. Секој што ќе го напушти тој пат ќе се соочи со законот, бидејќи државата мора да биде посилна од секој поединец што ќе се обиде да ја поткопа, дециден е директорот на БЈБ.

Најнови вести од Македонија

To top