Македонија

ЈПДП: Во план е проектно решение за да се дооформи патниот јазол Брвеница

За да се дооформи патниот јазол Брвеница, се планира проектно решение од јужната страна со кое ќе се овозможи исклучување од Гостивар кон Брвеница и приклучување од Брвеница кон Скопје.

ЈПДП: Во план е проектно решение за да се дооформи патниот јазол Брвеница

Со цел изнаоѓање на економски најприфатливо и најефикасно, а истовремено и најбезбедно решение за дооформување на патниот јазол Брвеница на терен излегоа директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Бвреница Јовица Илиевски заедно со нивните стручни тимови од ЈПДП и од општина Брвеница.

Патниот јазол Брвеница е дел од патната мрежа на државниот пат А2 на делницата Скопје -Тетово – Гостивар. Од северната страна на автопатската делница изведен е дел од патниот јазол за исклучување од Скопје кон Брвеница и приклучување од Брвеница кон Гостивар.

За да се дооформи патниот јазол Брвеница, се планира проектно решение од јужната страна со кое ќе се овозможи исклучување од Гостивар кон Брвеница и приклучување од Брвеница кон Скопје.

На овој начин, ќе се надмине повеќедецениски проблем во регионот за поврзување на Брвеница и околните населени места со постоечкиот автопат А2 кон Скопје. Исто така, новото приклучување ќе овозможи растеретување на сообраќајот низ самиот регион и околните населени места, а со тоа ќе се влијае на подобрување на условите за живот на жителите, како и на зголемување на безбедноста и проточноста на сообраќајот.

To top