Свет Киев

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас во посета на Киев

Претходно, Калас изјави дека партнерите на Украина треба да го засилат притисокот врз Русија за да се постигне итен крај на војната.

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас во посета на Киев

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пристигна денеска во Киев.

„Денеска сум во Киев за разговори за финансиска и воена поддршка, за енергетската безбедност и за барањето одговорност од Русија за нејзините воени злосторства,“ напиша Калас на социјалната мрежа Икс.

Таа додаде дека Украинците го инспирираат целиот свет со својата храброст. Калас беше пречекана на железничката станица во Киев од украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибига.

Претходно, Калас изјави дека партнерите на Украина треба да го засилат притисокот врз Русија за да се постигне итен крај на војната.

To top