Со моите пријатели Карпошани направивме обиколка низ маалото, а локацијата „кај школото“ е одлична за парк и детско игралиште, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.
Истакнува дека овој простор има огромен потенцијал, но е запуштен и полн со стари, исушени дрвја што претставуваат опасност.
-Нашата идеја е едноставна, да го обновиме зеленилото, да засадиме двојно повеќе дрвја и да создадеме ново детско игралиште каде детската смеа ќе биде секојдневие, нагласува Лукровски.