Ова што го гледам пред мене ја решава дилемата ако таа и постоеше, а тоа е дека Нико е новиот градоначалник, а ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во советот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Крушево заслужува иднина и надеж. Денес сум тука за да ви кажам дека Крушево ќе го има главиниот фокус, Куршево ќе биде во најострата оптика на владата. Но и на локалната самоуправа после овие локални избори, каде се одлучува за твоето маало, твојот човек, кој ќе ве застапува во општината за вашата заедничка иднина. А да се има ваш човек во општината значи да се има пријател, потпора преку која можете да ги решавате проблемите и донесете решение кое ќе значат подобар живот, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека ова се избори кои немаат само локално значење, туку на овие избори мора да се испрати и политичка порака.