Победникот на парламентарните избори во Чешка, лидерот на десничарското движење АНО, Андреј Бабиш, денеска соопшти дека неговото движење постигнало договор со партијата на слободата и директната демократија (СПД) и со Мотористите за состав на влада со 16 членови.
– Договорот беше постигнат по околу пет часа разговори. Според планот, АНО би имал девет министерски места, вклучувајќи ја и функцијата премиер, СПД три, а Мотористите четири, објави Бабиш на социјалните мрежи.
Според чешките медиуми, АНО би ги водел министерствата за финансии, индустрија, здравство, труд, образование, внатрешни работи, регионален развој и правда. (МИА)