Македонските репрезентативци отидоа на заслужна пауза откако во првото полувреме го издржаа огромниот притисок од белгиските фудбалери кои буквално не нè оставија да здивнеме.
Резултатот на полувреме е нерешен без голови и на двете страни и покрај бројните шанси на “Црвените ѓаволи” и торпедирањето кон голот на Столе Димитриевски.
Ние имавме само два шута кон голот на противниците, но ниту една посериозна закана, додека Белгијците имаа дури 11 шутеви кон голот.