Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес беше во посета на општина Теарце каде оствари средба со граѓаните и го посети манастирот „Св. Атанасиј“.
Денес во Теарце го посетивме манастирот „Св. Атанасиј“, каде што запаливме свеќа за мир, здравје и благосостојба за сите. Потоа продолживме на средба со граѓаните на Теарце, со луѓето кои најдобро знаат што им недостига во нивното секојдневие, објави Мисајловсски.
Тој потенцира дека Теарце има потреба од развој и подобри услови за живот.
Но за тоа е потребна вистинска поддршка. Поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – тие се гласот на народот во Советот. Тие ќе се борат за повеќе проекти, реални решенија и подобра иднина за Теарце. Да го направиме вистинскиот избор. Да покажеме дека Теарце може и заслужува многу повеќе! Заокружете број 9, објави министерот Мисајловски на својот фејсбук профил.
Денес во Теарце го посетивме манастирот „Св. Атанасиј“, каде што запаливме свеќа за мир, здравје и благосостојба за…
Posted by Vlado Misajlovski on Friday, October 10, 2025