Во деновите на избори во Македонија не се игра фудбал, а истото правило ќе важи и оваа година.
Првиот круг од Локалните избори е закажан за 19 октомври, што значи дека сите натпревари од 10. коло во ПМФЛ, како и колото во ВМФЛ, ќе бидат одложени и ќе се поместат за друг термин.
Одлуката е донесена со цел да се зачува безбедноста и организацијата на изборите на највисоко ниво, како и подоцна да се обезбеди непречено одвивање на спортските натпревари во следниот период без никакви инциденти и немили настани.