Свет Израел

ИДФ ги довршува операциите пред да стапи во сила примирјето

Началникот на Генералштабот на израелската армија Ејал Замир, додека се чека да стапи во сила примирјето во Појасот Газа, изјави дека ИДФ ќе ги доврши оперативните мисии на терен

ИДФ ги довршува операциите пред да стапи во сила примирјето

Началникот на Генералштабот на израелската армија Ејал Замир, додека се чека да стапи во сила примирјето во Појасот Газа, изјави дека ИДФ ќе ги доврши оперативните мисии на терен.

Тој на војниците им порача да бидат внимателни и оти мора да бидат одмерени и професионални.

Нашите воени акции доведоа до политички напредок; напредокот пред сè е ваш, истакна Замир при денешната посета на касарна во Газа.

Договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас треба да стапи во сила откако ќе биде ратификувацирано од израелската Влада.

To top