Македонија општина Ѓорче Петров

Стојкоски: Традицијата и обичаите се неизоставен дел на нашето живеење, поддршка за културно-уметничките друштва

Разговаравме за приоритетите и можноста за подобрување на сите услови за проби и настани во општината, истикна Стојкоски.

Стојкоски: Традицијата и обичаите се неизоставен дел на нашето живеење, поддршка за културно-уметничките друштва

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средби со претставниците на културно уметничките друштва.

-Ѓорче има КУДови за почит, со сериозна работа, посветеност и ангажман. Денес разговаравме со одговорните од КУД Глигор Прличев, ЕФЗ 7/8 и АНИП Ѓорче Петров, прекрасни луѓе кои имаат исклучителен придонес на културната сцена. Традицијата и обичаите се неизоставен дел на нашето живеење и треба да имаат уште поголема застапеност. Разговаравме за приоритетите и можноста за подобрување на сите услови за проби и настани во општината, истикна Стојкоски.

Тој додаде: „Ѓорче ќе добие две нови летни сцени, а со заеднички предлози ќе ја направиме и реконструкцијата на домот на културата“.

🤝 ПОДДРШКА ЗА КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИТЕ ДРУШТВА

Ѓорче има КУДови за почит, со сериозна работа, посветеност и ангажман….

Posted by Александар Стојкоски on Thursday, October 9, 2025

Најнови вести од Македонија

To top